Вечерва ќе бидат познати финалистите во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА затоа што на програмата се реванш-полуфиналните дуели во двете натпреварувања. Во Лигата на Европа, фаворитските улоги ги имаат англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Тотенхем, додека Атлетик Билбао и Бодо/Глимт ќе се обидат да изненадат. Во Конференциската лига Челзи само формално треба да го потврди пласманот во финалето, а неизвесно ќе биде во ...

Два англиски клуба ќе се борат за трофејот на победникот на Лигата на Европа оваа сезона, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе играат во финалето во Билбао. Манчестер Јунајтед беше подобар од Атлетик Билбао со вкупни 7:1, додека Тотенхем го надигра норвешкиот Бодо Глимт со вкупни 5:1 за 180 минути. Финалето е закажано за 21 мај, кога клубот од „Олд Трафорд“ ќе ја брка својата втора титула во Лигата на Европа, а Тотенхем својата трета во историјата. ...