Екипата на Фиорентина никако не може да го фати потребниот ритам и повторно им приреди шок на своите навивачи, овој пат губејќи на домашен терен од Лече (0-1) во 10. коло од италијанската Серија А. „Виолетовите“ беа „оладени“ од Албанецот Медон Бериша, кој ја затресе домашната мрежа во 23. минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на мечот. Фиорентина во продолжение се обиде петпати во рамките на голот, но не успеа да дојде ниту до ...
Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, е отпуштен од функцијата, објави прес-службата на клубот од Фиренца. -Фиорентина објавува дека Стефано Пиоли денес е отпуштен од функцијата главен тренер, се вели во соопштението. Шеесетгодишниот Италијанец е на чело на „Виолетовите“ од јули 2025 година. Под негово водство, тимот одигра 14 натпревари, во кои победи на четири, одигра четири нерешени и загуби на шест. По 10 натпревари, Фиорентина е последна ...

