Еврото денеска достигна речиси 1,175 американски долари, најсилно ниво во повеќе од една година. Пазарите реагираат на сигналите од Брисел и Вашингтон дека трговскиот договор меѓу ЕУ и САД би можел да се потпише уште оваа недела, што ги смирува стравовите од нова царинска војна и ја крева побарувачката за европската валута. Дополнителен ветер во грб на еврото му дадоа и подобрите од очекувањата мајски податоци за малопродажба во еврозоната, ...
Бугарија деновиве доби зелено светло од лидерите во Европската Унија да го воведе еврото како своја официјална валута, почнувајќи од 1 јануари 2026 година, со што земјата ќе стане 21-та членка на еврозоната. Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а претходно, во 2023 година и Хрватска го воведе еврото, по десет години формално членство во Унијата. Членството во еврозоната има свои предности и мани. Некои од придобивките се што престанува ...
Со децении, американскиот долар се смета за најважна валута во светот – примарен инструмент на глобалната трговија и главен столб на меѓународните резерви. Сепак, 2025 година носи сè повеќе предупредувања дека неговиот статус е разнишан. Според анализата на J.P. Morgan, „доминацијата на доларот е доведена во прашање поради геополитички и геостратешки промени“. Во својот последен извештај, J.P. Morgan ги наведува клучните причини за ...