Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години со убедлив пораз го стартуваше настапот на Европското првенство во оваа старосна граница. Нашите ракометарки во воведното коло на континенталниот собир беа поразени од Германија со убедливи 31-18. Германките тргнаа фуриозно уште од самиот старт на мечот, па веќе на полувреме имаа двоцифрена предност 18-8. Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за триумф од ...
Хешинген, 30.јули 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа загуби во мечот од првото коло на ИТФ турнирот во германскиот град Хешинген. Подобра од неа беше домашната тенисерка Јулија Стушек, која триумфираше со 2-1 во сетови (7:5; 2:6; 6:3) во меч со многу пресврти. Во првиот сет мечот беше прекинат во четвртиот гем поради дожд при 2:1 во гемови за германската тенисерка. По враќањето на теренот Ѓорческа освои четири гема и поведе со ...