Падна трансфер рекорд во Премиер-лигата. Денешниот ден ќе биде запишан во историјата на англиското фудбалско првенство затоа што Ливерпул го сруши рекордот во висина на трансфер на еден играч во најсилната лига во Светот. Актуелниот англиски првак успеа да го ангажира Александар Исак од Њукасл за сума од 125 милиони фунти плус бонуси, или вкупно 150 милиони евра. Со тоа во последниот ден од преодниот рок заврши сагата околу шведсиот напаѓач, ...

Виктор Бонифејс за кој во зимскиот преоден рок имаше понуди и од 70 милиони евра го направи најизненадувачкиот трансфер ова лето и премина од Баер Леверкузен во Вердер Бремен. Станува збор за едносезонска позајмица која доаѓа поради незадоволство на голгетерот со „фармацевтите“ кои имаат потполно променет состав од оној кој доминираше во Европа во сезоната 2023/24. Бонифејс ова лето се поврзувфаше и со трансфер во Милан, но преговорите пропаднаа ...