Скопје, 26 август 2025 (МИА) - По повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложбата „Mирот започнува со насмевка“. Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза. -Изложбата не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот почнуваат со едноставен гест - насмевка, наведуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза. мч/са/ фото: Спомен куќа на Мајка Тереза ...
Големо е задоволството што токму на денот кога ја одбележуваме 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во нејзината спомен-куќа ја отвораме изложбата со наслов „Мирот започнува со насмевка“. Овој наслов ја носи суштината на нејзината порака дека љубовта, добрината и мирот започнуваат од мали, но искрени гестови, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Спомен-куќата на Мајка Тереза претставува значајна музејска институција под ...