Адемола Лукман од Аталанта е прогласен за најдобар африкански фудбалер во 2024 година. Нигериецот немаше сериозна конкуренција, бидејќи прв ривал му беше Ашраф Хакими од кој Лукман имаше далеку поуспешна година. И лани Нигериец ја освои наградата, Виктор Осимен. Беше прогласен и идеален тим на годината составен од Африканци, а тој изгледа вака: Андре Онана (Камерун, Манчестер јунајтед), Шансел Мбемба (ДР Конго, Марсеј), Калиду Кулибали ...

Адемола Лукман е одбран за најдобар фудбалер на Африка за 2024 година. Фудбалерот на Аталанта ја доби „Африканската Златна топка“ која ја доделува Африканската фудбалска конфедерација - ЦАФ. На свеченото доделување Нигериецот се појави во интересна облека традиционална за неговата земја. Инаку, во конкуренција за наградата беа Ашраф Хакими, Серху Гираси, Симон Адингра и Ронвен Вилијамс. Лукман со Аталанта ја освои Лигата на Европа и доби ...