Со најголема вознемиреност и гнев реагираме на информацијата за снимање и сликање на студентки во бањите на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ова не е „несреќен случај“ или „непромисленост“, туку акт на сексуално насилство и повреда на основните човекови права, вели Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ), во реакција за снимањето и сликањето на студентки додека се тушираат во студентскиот ...
„Она што најмногу вознемирува не е само делото само по себе, туку фактот што ваквите ситуации повторно покажуваат колку е небезбеден просторот што треба да биде дом за младите, идната интелектуална и академска сила на нашата држава. Зад ваквото однесување стои систем што не ја препознава безбедноста на жените како приоритет, како и култура што често молчи пред понижувањето и траумата што тие ја преживуваат. Бараме итна и темелна истрага, ...