Сергеј Караганов, долгогодишен советник на Кремљ и еден од највлијателните руски геополитички стратези, изјави на државната телевизија Русија 1 дека Русија не е во војна со Украина, туку со Европа. Караганов е близок со Владимир Путин и Сергеј Лавров, тој го водеше Рускиот совет за надворешна и одбранбена политика и со години беше декан на Вишата економска школа во Москва. Во интервјуто, тој даде низа изјави што ја покажуваат радикализацијата ...
Во опсежно интервју за „Политико“ американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш јасно стави до знаење дека својата политика кон Европа и Украина ја гледа значително поинаку од повеќето европски лидери и од неговите претходници во Белата куќа. „Политико“ во својата годишна анкета P28 го именува за највлијателна личност што ја обликува Европа, а Трамп ја искористи можноста да ја нападне европската политика кон војната во Украина, миграцијата и ...

