И официјално во петок (8 август) стартува новата сезона 2025/26 во ПМФЛ. И тој ден ќе биде ден за вистинско фудбалско уживање. На Националната Арена “Тодор Проески“ од 20 часот се игра “Дербито на Македонија“ меѓу Вардар и Пелистер, а претходно од 17 часот под Шара се среќаваат Шкендија и Шкупи. Ова го потврдуваат и од Фудбалската федерација на Македонија: “Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, 8. август, со две ...

Новата сезона во првата македонска фудбалска лига започнува во петок, 8 август, со две големи пресметки, а натпреварите од првото коле ќе се играат и во сабота, недела и понеделник, одреди Фудбалската федерација на Македонија. Сезоната ќе се отвори во Тетово, каде од 17:00 часот актуелниот шампион Шкендија ќе го пречека скопски Шкупи. Само неколку часа подоцна, во Скопје, вечните ривали Вардар и Пелистер ќе се сретнат на Националната арена ...