Најмалку две лица загинаа, а 28 се повредени во вчерашниот масовен напад со руски дронови врз украинскиот град Днепар, објавија украинските медиуми. Меѓу повредените има четири деца. Шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергиј Лисак, на апликацијата Телеграм информираше дека две жени починале, а меѓу повредените има и деветмесечно бебе. Украинските медиуми јавуваат дека се оштетени најмалку 15 згради. Меѓу нив има студентски ...
Во руски ракетен напад врз Харков во североисточна Украина денеска наутро загинало едно лице, а 54 се повредени, изјави градоначалникот на градот Игор Терехов. Во нападот, според Терехов, се оштетни 15 станбени згради. И други области во Украина исто така биле под руски оган во текот на ноќта. Во напад на руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Суми загина едно лице, а уште едно е повредено, изјави вршителот на должноста ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како одговор на денешниот руски напад на реките Днепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва. „Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Мораме да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите ...