Со големо задоволство традиционално и оваа година Општина Кисела Вода со соработниците:,,Киноверзум” ДООЕЛ Свети Николе, ,,Кинотека на Македонија ” и ,,Француски институт во Скопје” Ве поканува да уживаме заедно во Кино на отворено. Во пријатна атмосфера под ѕвездите од 21 до 24.08.2025 година ќе имаме можност да погледнеме одлични филмски проекции за сите возрасти со различна тематика и да поминеме убави моменти со најблиските, велат ...
Во паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ синоќа почна со работа киното на отворено, што Општина Кисела Вода го организира во соработка со „Киноверзум“, Кинотека и Францускиот институт. На првата вечер беше прикажан детскиот филм „Бунтовната принцеза“, синхронизиран на македонски јазик, а потоа и „Марија“, посветен на оперската уметница Марија Калас. Како што информира Општина Кисела Вода, програмата продолжува вечерва со ...