Екипата на Болоња ја продолжува низата без пораз во Серија А, откако вечерва славеше на гостувањето кај Парма со конечни 1-2 (1-1) во натпреварот од десеттото коло. Мечот започна лошо за гостите, затоа што домаќините поведоа уште во првата минута преку Шпанецот Адриан Бернабе Гарсија, но потоа со одлична игра и целосен пресврт се изборија за нови три бода. Аргентинецот Сантијаго Кастро режираше пресврт со по еден погодок во двете полувремиња, ...

Баерн Минхен продолжува да ја демонстрира својата доминација во европскиот фудбал. Германскиот шампион го совлада Пари Сен Жермен со 2:1 на гостински терен, запишувајќи ја 16. победа во низа од почетокот на сезоната. Баварците влегоа силно во мечот и поведоа уште во 4. минута преку Луис Дијас, кој го искористи лошото поставување на одбраната на ПСЖ. Истиот фудбалер во 32. минута ја удвои предноста на гостите по нова грешка на Маркињос, со што ...