Охрид, 25. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националниот археолошки музеј, во соработка со Карловиот Универзитет од Прага, Република Чешка, осма сезона по ред продолжуваат да го реализираат меѓународниот проект „Погранични студии – Истражувања на идентитетите и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија (Frontier Studies. Investigation into Identity and Cultural Contacts in the Border Area of Ancient Macedonia). Проектот претставува ...

При последните археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“, во селото Младо Нагоричане, археолозите од НУ Музеј – Куманово открија две значајни наоди – најстар автохтон натпис на сад од локално производство на териториите северно од античкото македонско кралство и остатоци од постари ѕидови под резиденцијален објект од IV – III век пр. н. е., соопштија денеска надлежните од националната установа. – Горди сме што можеме да соопштиме дека ...