И оваа година подготвена богата програма по повод празникот Петровден, патрон празник на градот Кочани. Настаните ќе траат три дена од 11 до 13 јули. Со средба на в.д. градоначалникот Венко Крстевски со најдобрите ученици ќе започне одбележувањето на партонот на градот. Во петок предвидена е празнична вечерна богослужба во црквата Свети Великомаченик Георги во Кочани, на која ќе чиноначелствува митрополитот брегалнички Господин Иларион. Потоа ќе ...

На Колонадата пред платото на Националната опера и балет (НОБ), вчеравечер се одржа концертот насловен „80 години оро со ‘Орце’“, кој ги разигра срцата на присутната публика, која со голем интерес го проследи настанот. Ансамблот на народни песни и игри, „Орце Николов“, во чест на 80 години постоење, во рамките на 46. Издание на културната манифестација „Скопско лето“, ги израдува љубителите на македонските народни песни и ора, а нивниот настап ...