Брегалница доживеа вистинска катастрофа на денешното гостување кај Каменица Саса во Втората Македонска лига, пораз од 4-0 со кој го загуби второто место на прволигашката табела. Овој пораз донесе и значајна промена кај клубот од Штип кој се одлучи да раскине со тренерот Трајче Сенев. Сенев нема повеќе да ја извршува функцијата предводник на Брегалница која веднаш најде и наследник во името на досегашниот помошник Ристе Наумов. Наредниот меч за ...
Брегалница дефинитивно го одигра најбледиот натпревар во тековната сезона, а ако се гледа според тоа што го игра во пролетниот дел, „сините“ ќе имаат многу тешка мисија за директно враќање во Прва лига, ако многу работи не се променат во самата игра. Каменица Саса во целост беше подобра на теренот во Турново, играше организирани и без било каков притисок, во сите три зони „рударите“ функционираа перфектно. Симевски со два гола, Таневски и ...