Лабуристичката партија постигна апсолутно мнозинство на изборите за британскиот Долен дом. Според делумните резултати, партијата во петокот наутро имаше повеќе од 400 места - за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 326 места. Досега владејачките Конзервативци на премиерот Риши Сунак можат да сметаат на 144 мандати, повеќе од 200 помалку во однос на претходните избори, со што го претрпеа својот најголем пораз од почетокот на 20 век и, како ...

Промените во Велика Британија почнуваат сега, порача лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на изборите кои ставија крај на 14-годишното владеење на конзервативците...Излезните анкети покажуваат дека лабуристите на Стармер освоија 410 од 650 места во Долниот дом на британскиот парламент по вчерашните општи избори во земјата... Кир Стармер „Промените можат да почнат сега. Рековме дека ќе ставиме крај на овој хаос и ќе ...