Италијанската полиција спроведе масовни рации во Палермо, приведувајќи 50 осомничени лица поврзани со мафијашки кланови, соопштија денес извори. Рациите се дел од истрагата за голем синџир за дрога, кој откри и наводна структура на организиран криминал во главниот град на Сицилија, објави Анса. Осомничените се соочуваат со обвиненија за мафијашко здружување, изнуда, фиктивно поседување имот и криминално здружување со цел трговија со дрога. ...

Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица. Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Сите се сомничат за кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При ...