Лебот, месото, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, житариците, безалкохолните и алкохолните пијалаци и уште 1.000 производи од сега ќе се продаваат за 10% поевтино. Стартуваше мерката „Новогодишна кошничка“, за која граѓаните се надеваат дека ќе има ефект, а трговците тоа ќе го почитуваат. Едни со душа чекаат да купат поевтино, а други пак, се песимисти дека ќе има реално намалување на артиклите. „Новогодишна кошничка“ под лупа на ...
Во акцијата „Новогодишна кошница“ што почна денеска, се вклучени над 90 производители и дистрибутери, а производите се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Акцијата до овој момент опфаќа повеќе од 960 производи и ќе трае до 15 јануари, информира министерството за економија. Министерството за економија апелира компаниите доследно да ја почитуваат „Новогодишната кошница“ која сами ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки, да ги ...