Во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашини амам вчера беше отворена ретроспективната изложба на уметницата Анета Светиева, една од најзначајните македонски современи уметници. Пред многубројните гости меѓу кои и претседателката Гордана Силјановска Давкова пред присутните се обрати државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова. Чест е и привилегија е, рече Ѓоргова, да се присуствува на изложба на ...
Огромниот интерес кај љубителите на уметноста што го предизвика Светиева со својата изложба беше, секако, очекуван со оглед на нејзините обемно творештво и огромен удел во градењето на современата македонска ликовна сцена. Самата авторка вели: „Кога пак би избирала, повторно би ја избрала уметноста“ – Анета Светиева е уметница што не создава само форми, туку свет. Таа е авторка што преку глина, дух и мит ни го раскажува нашето сопствено потекло, ...