Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, и официјално се најде на финалната листа на потврдени учесници на машкиот маратон на следното издание на Светското атлетско првенство во Токио. Светската атлетика ги потврди листите на маратонци кои ќе се појават во Токио во септември оваа година, а на истата се најде и нашиот Дарио. Ивановски е меѓу 100-те потврдени маратонци за ова Светско првенство на отворено, што е ...

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ќе ги брани боите на нашата земја и на претстојното Светско првентво што ќе се одржи во Токио од 13 септември до 21 септември. Ивановски лани настапи на маратонската трка на ОИ во Париз, годинава имаше неколку добри резултати на маратонските трки, успевајќи да освои доволно бодови во рангирање во пресрет на светскиот шампионат. Светската атлетска федерација денеска ја објави и конечната листа на маратонци ...