Натпреварот меѓу Фиорентина и Интер и официјално нема да се доигра денеска откако страшни сцени се случија на дуелот кој се играше на „Артемио Франки“. Младиот фудбалер на домаќините Едоардо Бове колабираше на теренот, по што мораше да дојде медицинска помош. Тој веднаш беше пренесен во болница, додека останатите играчи и целиот стадион со солзи ја проследија целата ситуација. Со свое соопштение излегоа од клубот, а ви го пренесуваме во целост. ...
Два часа по немилите сцени на „Артемио Франки“, Фиорентина како клуб се огласи за здравствената состојба на Едоардо Бове и излезе со прва официјална информација, откривајќи дека подетални информации ќе се знаат во наредните 24 часа. Прва и најважна вест е дека Бове пристигнал во стабилна состојба во болницата Кареџи по колапсот на теренот, но веднаш од медицинските лица бил префрлен на интензивна нега и ставен во фармаколошка седација. ...