Наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм на 16-тото издание на фестивалот „МакеДокс“ ја освои „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, македонско-српска копродукција. Жирито, составено од Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова, ја пофали прецизноста на дистанцата, маѓепсувачката кинематографија и неочекуваната перспектива за родова еднаквост во рурална заедница. Наградата ја прими продуцентката Ивана ...

Наградата „Млад кромид“ ја освои хрватскиот филм „Фиуме или смрт!“ на Игор Бежиновиќ, додека посебно признание доби „Ниедна друга земја“ на Басел Адра, Хамдан Балал, Јувал Абрахам и Рејчел Зар – филм кој беше пофален за својата храброст и искреност во прикажувањето на палестинската реалност. Овој филм ја доби и Наградата за најдобри етички идеи, заради неговата моќна порака за истрајност и човечка поврзаност во услови на насилство и угнетување. ...