Фудбалерите на Борусија Дортмунд го заокружија списокот на учесници во четвртфиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, откако во последната фаза од Топ 18 го совладаа Монтереј со 2-1 (2-0). Како што се очекуваше, со оглед на репутацијата и рејтингот на двата клуба во планетарни рамки, не беше лесно. Германскиот тим одигра одлично прво полувреме и постигна два гола, а второто му пропадна на противникот од Мексико, ...
Германскиот тим поведе рано, уште во 14. минута по асистенција од Адејеми, Гираси ја смести топката во мрежата на противникот за водство од 1-0. Десет минути подоцна истите актери ја зголемија предноста на Дортмунд, Адејеми повторно ја имаше улогата на асистент, а Гираси погоди за 2-0. Монтереј одлично го стартуваше второто полувреме, по само три минути во него Бертерам даде гол со глава, намали на 2-1 и го врати мексиканскиот тим во живот. Но, ...