Тимот на Лос Анџелес Лејкерс се врати дома по низата на гостувања каде забележа четири порази во низа, а токму враќањето во Калифорнија придонесе „езерџиите“ да се разбудат и да го совладаат составот на Феникс Санс со 107:96. Иако Лејкерс и понатаму игра без двајца важни играчи како Џејмс и Хачимура успеа да ги надигра „сонцата“ во соочувањето во кое во прв план беа Дончиќ со 33 поени, 11 скока, 8 асистенции и Ривс кој застана на 28 поени и ...
Кливленд, 16 март 2025 (МИА) - Орландо меџик вечерва го победи Кливленд кавалирс на гостински терен со 108:103 и ја прекина серијата од 16 последователни победи на тимот од Охајо. Најзаслужен за победата на Орландо беше Паоло Банчеро, кој имаше дабл-дабл учинок - 24 поени и 11 скока. Кливленд е лидер во Источната конференција на НБА-лигата со 56 победи и 11 порази. Орландо се наоѓа на осмото место со биланс 32-37 (победи-порази). зс/ Фото: ЕПА ...