Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Законодавно-правната комисија и Комисијата за европски прашања. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за приватните ...

Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието. Препорачано -Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално ...