Кошаркарската репрезентација на Литванија е третиот патник во четвртфиналето на Евробаскетот, по Турција и Германија. Вечерва во Рига во големото балтичко дерби како дел од осминафиналето, Литванците беа подобри од домаќините, Летонија со 88:79 и ќе се борат за полуфиналето со победникот од утрешниот дуел меѓу Грција и Израел. Летонците доживеаа целосно фијаско на ова првенство, каде што имаа големи амбиции како домаќини. Можеби тимот на Лука ...
Кошаркарската репрезентација на Словенија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, откако во осминафиналето во Рига славеше над селекцијата на Италија со резултат 84-77. Лука Дончиќ беше незадржлив за ривалите. Во првата четвртина уфрли 22 поени, а до полувремето дури 30. Мечот го заврши со 42 поени зад своето име. Италијанците подобро го отворија натпреварот и поведоа со 4-0, додека Словенците по повеќе од две минути игра стигнаа ...