Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - ДУИ по денешната седница на Генералниот совет соопшти дека на претстојните повторени локални избори ќе ги поддржи Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Општина Гостивар и Исен Шабани, кандидат за градоначалник на Општина Врапчиште. Како што се посочува во соопштението, ДУИ оценува дека овие кандидатури ја претставуваат сериозноста, посветеноста и визијата на коалицијата НАИ за развој на општините и ...

Согласно Роковникот за повторените избори за градоначалници во четири општини, од денеска (22 декември) почнува предизбрната кампања. Претходно поминаа роковите за увид во Избирачкиот список кој беше заклучен на 20 декември. Кампањата ќе трае 20 дена, односно до 9 јануари 2026 година на полноќ, кога почнува 24 часовниот молк. Повторените избори ќе се одржат на 11 јануари во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше кадешто во ...