Пекинг, 27 јуни 2025 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Европа следната недела и ќе одржи средби со министрите за надворешни работи на Франција, Белгија и Германија, како и со највисокиот дипломат на ЕУ, соопшти денеска Кина. Во Брисел, Ванг Ји ќе се сретне со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, со која ќе одржат „стратешки дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Кина“, ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го нарече „бесмислено и злонамерно“ инсистирањето на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, да ги посети иранските нуклеарни објекти. „Инсистирањето на Гроси да ги посети бомбардираните објекти под изговор на превентивни мерки е бесмислено и злонамерно во својата суштина“, напиша Арагли во објава на социјалната мрежа Икс. Арагчи истакна дека ...