По изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, прашањето за предвремени парламентарни избори повторно се наметнува како централна тема во македонската политичка сцена. Додека дел од политичарите гарантираат избори напролет, други ги отфрлаат како шпекулација. Со приближувањето на локалните избори закажани за 19 октомври, политичката сцена во Северна Македонија повторно се вжештува со шпекулации и противречни изјави за можно распишување на ...

„Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично“, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори. Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори. „Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата ...