„Што ви е гајле дали ќе има скијање во Маврово? Е нема да има!“ Ова пред две недели за МКД.мк го изјави новиот сопственик на Ресорт Маврово Љубе Кутлешовски од Австралија. Сепак, само две недели подоцна од Ресорт Маврово доаѓаат поповолни информации. „Интензивно работиме на средување на сајлите за да обезбедиме беспрекорни услови и безбедна сезона. Се подготвуваме за нови зимски авантури. Сајлите се поставени, зимата може да почне. Пред нас е ...

Добивај вести на Viber Во Маврово веќе се чувствува зимскиот дух. Екипите на „Resort Mavrovo“ интензивно работат на подготовките за новата зимска сезона, а нивните најнови фотографии на социјалните мрежи покажуваат дека се во тек технички зафати на скијачките инсталации и лифтовите. Со поставување на нови сајли и техничко одржување на жичарниците, менаџментот на ски-центарот најавува дека целта е да се обезбедат беспрекорни услови и безбедна ...