Пред жителите на Козле од утре на јавна анкета ќе се најде детален урбанистички план предложен за просторот што се протега помеѓу „Алумина“ и Жданец, а ја опфаќа и околината околу основното училиште „Владо Тасевски“.Со планот е предвидена изградба на девет нови згради. Јавната анкета ќе трае еден месец, односно 20 работни дена. Од Општината известија дека заинтересираните граѓани планот, кој ќе биде јавно презентиран на 14 април, ќе можат да го ...
Две третини од градинките ширум државата опслужуваат многу повеќе деца отколку што имаат капацитет, покажува последната анализа на Државната ревизија. Просекот на деца во една група далеку ги надминува пропушаните стандарди и норми, па воспитувачките и негувателките се принудени во една група да чуваат многу повеќе деца отколку што е потребно. Државната ревизија објави дека во последните три години изградени или реконструирани се 67 објекти на ...