Ниту една држава не може сама да се справи со ваква трагедија и ние сме многу среќни што некако можевме да придонесеме и секогаш ќе бидеме тука кога ќе ви треба, изјави Марко Југ, директор на Универзитскиот центар во Љубљана, Словенија, каде што се лекуваат четворица пациенти кои се повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која 59 лица, од кои шест малолетници, го загубија животот на 16 март годинава. Според последните информации ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Љубљана ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Словенија. Тој оствари средба со директорот на Универзитетската клиника во Љубљана, Марко Југ, специјалист трауматолог, кој информираше дека состојбата на пациентите се подобрува. „Гледаме дека ова е искрена посета, што ни покажува за интересот на македонскиот народ, за овие луѓе кои беа тешко ...