Пожарот во прилепско Мариово е најголем, најкомплициран и најтежок за гаснење, оцени директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ситуацијата е критична, бидејќи е зафатена површина од околу 16.000 хектари, а периметарот на огнената линија изнесува 110 километри. На овој пожар утрово биле упатени 100 припадници на Армијата, 25 припадници на специјалната полициска едница „Тигар“, триесетина вработени во „Национални шуми“, како и два тима на Дирекцијата ...
По осум дена е локализиран и ставен е под контрола големиот пожар во Мариово кој беше на 150.000 до 200.000 хектари со огнена линија од 200 километри. Будно се следи ситуацијата на теренот поради разгорување на жаришта како што се случи кај манастирот Свети Никола во Прилепец. Преку 1.200 професионалци од кои 500 од АРМ, 120 од специјалната полиција, од Дирекцијата, пожарникари, здруженија, со денови штитеа 10 до 15 села и црковни објекти. ...