На Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје вечер од 20:45 часот, македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Казахстан. Овој натпревар е претпоследен за двете селекции во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. За „црвено-жолтите“ мечот има големо значење, бидејќи со победа ќе ги задржат шансите за пласман на Мундијалот. Голманот Столе Димитриевски, очекува голема поддршка од трибините и уверува дека тимот размислува ...
Македонија – Казахстан вечерва на Арената “Тодор Проески“ од 20:45 часот во меч од рамките на квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. Веќе се е познато. Што ни треба за директен пласман на Мундијалот, што не смее да се случи а што би било убаво да ни се “падне“. Сепак да почекаме со математиките, прво да ја минеме и оваа пречка наречена – Казахстан, па после ќе видиме до каде сме и на што сме. Значи вечерва Македонија мора, ама баш мора ...

