ФРАНЦИЈА: ЗА ШЕСТ ГОДИНИ БРОЈОТ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ДВОЈНО СЕ ЗГОЛЕМИЈА Во 2022 година, во Франција 244.156 лица поднеле пријави (тужби) бидејќи сметале дека биле жртви на семејно насилство, според извештајот објавен во ноември 2023 од Министерството за внатрешни работи. Тоа е 15 отсто повеќе отколку во 2021 година и двојно повеќе отколку во 2016 година. – Не гледаме пораст на насилството, туку пораст на поднесени пријави! – ова го ...

Центрите за социјална работа и МВР треба да се сензибилизираат за полесно да препознаваат жртва на семејно насилство, за жртвата на семејно насилство да нема долг „пат“ до институциите на системот кај кој би го пријавила сторителот на насилството и би нашла згрижување. Државата треба повеќе да се занимава и со сторителот на насилство, велат Салија Беќир Салим од здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и психологот Стојне ...