Резултатите од второто коло во фудбалската Лига на шампиони донесоа одредени измени во квотите во Sport Life за европски првак за сезоната 2025/2026. Сега Арсенал им се придружува на ПСЖ и Барселона како три главни фаворити за освојување на „ушлестиот“ пехар. Пред почетокот, а и после првото коло Ливерпул беше главен кандидат, но после киксот во Истанбул, падна на четврто место. Едноцифрена квота има и за Реал Мадрид. Фаворити од сенка се ...

Српскиот фудбалски репрезентативец и поранешен член на голем број европски клубови, Никола Максимовиќ, ја продолжува својата кариера во Хрватска. 32-годишниот стопер официјално потпиша едногодишен договор со загрепската Кустошија, клуб кој настапува во третата лига. Ова е изненадувачки потег во кариерата на фудбалер кој зад себе има настапи на највисоко европско ниво. Максимовиќ фудбалските чекори ги направи во Севојно, а потоа продолжи во ...