На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, сега градоначалникот во оставка дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период. – Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука ...

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”. Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта. „Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места. Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските ...