Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за женското финале во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу ЖФК Љуботен од Тетово и ЖФК Тиверија Брера од Струмица. Главен судија ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар, а ќе ѝ помагаат Елена Илиевски Соклевска од Скопје и Ангела Домазетовска од Битола. Четврти судија е Ангела Рајчевска од Скопје. Делегат на натпреварот е Фијат Шате од Струга, контролор е Зоранчо Темелков од Кавадарци. ...
Екипите на Љуботен и Тиверија Брера попладнево во Скопје ќе играат во финалето од женскиот фудбалски Куп на Македонија. Мечот се игра на стадионот на ФФМ во 14 часот, а како влезот ќе биде бесплатен. Љуботен го освојуваше Купот на Македонија последните две сезони и нема пораз во финалните натпревари, додека Тиверија има еден трофеј, освоен во 2018 година, но и два пораза во финалните мечеви. Екипата од Тетово последните три сезони е шампион на ...