Обидот на Панатинаикос да го „украде“ кошаркарот Никола Милутинов од својот голем ривал Олимпијакос, мина безуспешно откако и дефинитивно српскиот играч соопшти дека останува во „црвено-белиот“ дрес на атинскиот тим. Трансферот ќе предизвикаше тектонски промени во грчката кошарка, меѓутоа на крајот навивачите на Олимпијакос може да здивнат. Не беа доволни ниту трите милиони евра годишно кои би ги заработувал, но српскиот репрезентативец останува ...

Српскиот кошаркар Никола Милутинов е главна тема во европската кошарка во последните денови – се шпекулираше дека имал договор со Олимпија Милано, потоа дека Панатинаикос се обидува да го украде со неверојатна понуда, а Олимпијакос реши подлабоко да брцне во џебот и да ги реши сите проблеми. Грчкиот клуб објави дека Никола Милутинов ќе го носи дресот на тимот од Пиреја и во следните три години. Финансиските детали од соработката засега не се ...