Победникот на парламентарните избори во Чешка и лидер на партијата АНО Андреј Бабиш денеска потпиша коалициски договор со крајнодесничарската партија „Слобода и директна демократија“ и десничарската партија „Мотористи“, по што е сигурно дека ќе стане премиер. Коалицијата ќе има 108 од 200 места во Долниот дом на парламентот, при што „АНО“ има 80, „СПД“ 15, а „Мотористи“ 13 пратеници“, пренесува „Политико“. Бабиш е милијардер и земјоделски тајкун ...

Прага, 3 ноември 2025 (МИА) - Чешкиот милијардер Андреј Бабиш, лидер на чешката конзервативна партија АНО, денеска потпиша коалициски договор со скептиците за климатските промени „Мотористи“, како и со крајно десничарската партија СПД, која се противи на ЕУ и НАТО. По четири недели преговори, договорот потпишан од лидерите на партиите ги дефинира главните цели на владата, бројот на министерства и распределбата на портфолијата меѓу партиите. ...