„За време на известувањето во живо, користевме и дрон, каде што снимаше постојано додека одеше информативната емисија на ТВ21. Накратко потоа, бевме посетени од МВР, и се распрашуваа прво за дронот, нѐ идентификуваа, ни ги земаа сите потребни документи, па заминаа. Потоа се вратија и рекоа да дојдеме на информативен разговор. Не сме ни приведени, ни уапсени, туку повикани на разговор. Дали е тоа во ред или не – не можам да коментирам. Во ...
Попладнево, во полициската станица во Центар, на информативен разговор беа повикани главниот уредник на ТВ21, Ерол Шакири, и новинарот и уредник на вести, Јовица Пауноски. Ова следуваше по нивното известување од големиот собир на плоштадот „Македонија“, каде користеле дрон за снимање во живо. Според објаснувањето на полицијата, двајцата новинари биле повикани затоа што користеле дрон со тежина поголема од дозволеното. Покрај полициските ...