Владата ќе ги стимулира младите што ги напуштиле селата да се вратат дома. Притоа ќе им понуди и финансиска поддршка од 100.000 евра. Идејата не е нова. Пред десетина години сличен проект имаше тогашниот премиер Никола Груевски, но сега финансирањето на тие што ќе се вратат во село влегува во закон. Новиот закон за земјоделство и рурален развој е достапен за јавен увид. Увидот ќе трае до 28 мај, а на 2 јуни е предвидено да се одржи јавна ...
Министерството за земјоделство со новиот Закон за земјоделство и рурален развој врши услогласување со последната ЕУ легислатива во делот на земјоделската политика. Дополнително се регулираат и мерки кои ќе ги поттикнат младите да се вратат на село. За таа цел државата нуди поддршка до 100.000 евра за оние кои ќе се одлучат да живеат во рурални средини и да се занимаваат со земјоделска дејност. Поддршката за враќање на млади брачни парови и живот ...