Пензионерите не отстапуваат од нивните барања. Бараат 5000 денари линеарно покачување и одговор зошто не им се дава бараното и каде се нивните пари кои ги вложиле во државата, пренесува ТВ Алфа. Протестот овој пат од Илинденска се сели пред седиштата на странските амбасади. -Создадено е ново Собрание на пензионерите кои протестираат, ќе одиме овој пат пред Америчка амбасада и пред ЕУ, за да видат како пензионерите на улица си ги бараат правата. ...

Уште еден во низата протести на пензионерите од Кочани, кои се незадоволни од ниските пензии и игнорантскиот однос на министерството за труд и социјала, се одржа синоќа во Паркот на револуцијата во Кочани. Пензионерите со транспаренти побараа поддршка од Здружението на пензионери, чии членови се, и ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари. Членот на Иницијативниот ...