Цела Србија, но и Европа, го чекаше моментот кога легендарниот кошаркарски стручњак, Жељко Обрадовиќ, ќе ѝ се обрати на јавноста по повод оставката во тимот на Партизан. Минатата среда, тој објави дека го напушта тимот по новиот пораз во Евролигата и таквата одлука ги шокираше навивачите на белградскиот тим. Тие направија сè за да го премислат и се чинеше дека ќе успеат, но во саботата стигна студен туш и потврда дека тој навистина ја напушта ...

После четири и пол години соработка кои оставија силен печат врз клубот, легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ и официално повеќе не е дел од Партизан. Одлуката доаѓа по серија тензии и несогласувања со раководството, а конфликтот кој настана меѓу страните, според сите информации, е непремостлив. Навивачите на Партизан отворено го изразија револтот и незадоволството од раководењето на клубот, јасно ставајќи до знаење дека не прифаќаат никој друг ...