Заминувањата на Џек Грилиш, Џејмс Мекати и Савињо прават простор за Манчестер сити на трансфер-пазарот да купи еден крилен напаѓач, а познатиот новинар и трансфер гуру, Фабрицио Романо, тврди дека Граѓаните размислуваат за потпишување на Родриго од Реал Мадрид. Менаџерот Пеп Гвардиола е голем фан на Бразилецот и одамна го посакува во својот тим. Родриго е во втор план во Реал зад Мбапе и Винисиус и можеби ќе го промени своето мислење дека сака ...

Човекот поради кого Реал Мадрид ја бојкотираше манифестацијата „Златна Топка“, сега би можел да заврши во кралскиот клуб. Кога Родри минатата година го доби признанието, многумина во „кралскиот клуб“ беа незадоволни, верувајќи дека Винисиус го заслужува повеќе од играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Затоа оваа година на платформите на Реал нема (или само површно) информации дека четворица играчи на тој клуб се во конкуренција за ...