На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „Тик-ток“ со земање големи дози „парацетамол“. Информацијата за МИА денеска ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик. – Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко ...
Доктор Нико Беќаровски предупредува за нов опасен „ТикТок“ предизвик со земање на големи дози на парацетамол кај младите. Труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози од 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. За оваа појава први укажаа лекарите од Швајцарија кон крајот на јануари годинава, вели Беќаровски, кога биле регистрирани неколку случаи кај малолетници. Три од нив завршиле со сериозни ...