За трагична вест вечерва јавуваат медиумите од БиХ. Во градот Босанска Крупа на западот од земјата, како што потврдил портпаролот на тамошната полиција, Аднан Бегановиќ, еден полицаец е убиен, а друг се бори за живот. Нападот се случил во полициската станица. Убиен е водачот на смена, а уште еден полицаец е тешко ранет. Бегановиќ потврдил дека нападот го извршил малолетник со ладно оружје, со нож. Повредениот полицаец е во болница и лекарите се ...
Малолетникот кој синоќа уби еден полицаец и рани друг во Босанска Крупа има 15 години и е уапсен, соопшти МУП на Унско-санскиот кантон. Тој синоќа ја нападна полициската станица во Босанска Крупа, каде уби полицаец од Босански Нови и рани полицаец од Босанска Крупа. Нападот го извршил со ладно оружје, прво го нападнал полицаецот кого го убил, а потоа интервенирал повредениот полицаец. Малолетниот е радикално обучен исламски верски фанатик, тврди ...