Зад нас е супер возбудлива сезона во Суперлигата, сезона во која шампионот се решаваше во последното коло, последните минути, па така Еурофарм Пелистер и натпреварувачката 2025/2026 ќе ја започне како шампион, односно како тим кој ќе мора да се совлада ако се сака да се дојде до врвот во домашната ракометна елита. Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекување на натпреарувачките броеви за новата кампања, па ...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за утврување на календарот за новата натпреварувачка сезона во ракометната Суперлига во машка конкуренција. Ждрепката посака во првото коло шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата да ја започне против Бутел во Скопје, Радовиш сезоната ја отвара против Куманово, повратникот во елитата Еурофарм Пелистер 2 против Прилеп. Екипата на Пролет ќе игра со Тиквеш на ...