Во најголемото дерби на хрватскиот фудбал, Динамо и Хајдук го поделија пленот на „Максимир“ играјќи нерешено 1-1. Ова беше директна борба за првото место, а со поделбата на бодовите, загрепскиот тим ја задржа водечката позиција. Гостите од Сплит први зададоа удар и поведоа во 68. минута со голот на Мишел Шег. Тоа беше осмиот гол во тековната сезона за крилниот напаѓач кој пристигна од Вараждин ова лето. Кога се чинеше дека Хајдук ќе успее да го ...
Динамо Загреб и Хајдук одиграа драматично дерби во кое домаќинот со многу среќа се спаси од пораз, со гол постигнат во 12. минута од судиското продолжение преку Хоза. Актуелниот првак влезе како првопласиран во дербитo, но Динамо одигра под своите можности, поголемо внимание обрна на сопствениот отколку на противничкиот гол мачејќи се да искреира шанса. Голот на Бељо во првото полувреме беше поништен со ВАР, па шампионот се најде на работ на ...

